Денеска стартуваше „One stop shop“ со Косово, на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се започнува со едно ново, современо и прагматично поглавје на меѓусебната соработка.
„Заедничкиот премин, организиран според принципот „One stop shop“, значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо двојно губење време, еден увид наместо две одделни контроли. А за граѓаните, тоа значи повеќе време за семејството, за работата, за животот,“ изјави Мицкоски.
На отворањето на граничниот премин присуствуваше и косовскиот премиер Албин Курти.
Фото/Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.