еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерство за правда

Судијката Даниела Алексовска Стојановска денеска е разрешена од членство во работна група во Министерството за правда, информираше министерот Игор Филков.

Тој ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина Кулакова.

„Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кои што очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година.

Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството”, изјави Филков.

Филков смета дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и евентуална одговорност.

„Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да ја испорачаат, брзо, правично и транспарентно.

Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред само некој ден. Токму брзината на постапување и корумпираноста беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка,” посочи Филков.

Непостапувањето и спороста, според Филков отвора можност утре да имаме исти или слични случаи.

„Апелирам до сите политички чинители во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневно политички цели. Правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвнатре. Нема да дозволам неказнивост и недопирливост,” рече Филков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен се иззема од одговорност за Јованов, на Судот не му е јасно зошто неговото пуштање од притвор се поврзува со усмртувањето на Фросина

„Крвави ви се рацете“ порачаа младите на протестот за Фросина Кулакова, пред Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) 15. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

Редакција

Бранко Црвенковски: Преспанскиот договор не е добар, тој со Бугарија ја отвори Пандорината кутија

Редакција

ЈП Дрисла склучи договор со „Корковадо“ вреден 500,4 илјади евра

Редакција