еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Супервештачењето не се призна, одложено судењето за родилката од Дебар која остана без органи

Во Основниот суд во Струга повторно се одложи судењето за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, процес кој е започнат пред три години.

Одбраната на тројцата обвинети лекари и Јавното обвинителството понудија сосема различни вештачења за тоа како Веапоска, по породувањето со царски рез во 2020 година остана без три органи: јајник, матка и еден бубрег.

Адвокатот на обвинетиот гинеколог Мухамед Асани, го спори тимот кој го изработи супервештачењето и побараа од Судот истото да не го прифати, бидејќи двајца од тројца лекари во Комисијата која го изработила, не се вработени на Медицинскиот факултет Скопје, што е споротивно од Статутот на оваа високообразовна установа во кој е неведено дека членовите на Одборот за судско медицинско вештачење мора да се во редовен работен однос.

„Сега ќе треба од институцијата да се произнесат дали при формирањето на тимот имале некакви пречки, поради што се барале надворешни членови и откако ќе го добијам одговорот ќе одлучам дали вештачењето ќе биде прифатено како доказ или не“, рече судијата Јордан Јованов.

Следното рочиште е закажано за еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Супервештачење за случајот со родилката од Дебар, која остана без три органи

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Два нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија

Редакција

За Македонија единствено прифатливо решение е одложена примена на уставните измени

Редакција

(Видео) Објaвен трејлерот и музиката за филмот „Гласот на тишината“ на Илија Павлов

Редакција