еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата

Скопјанецот Томислав Крстевски е предложен за член на Надзорниот одбор (НО) на Реплек АД Скопје, информираа од компанијата преку Македонската берза.

Крстевски завршил Правен факултет, а има работно искуство од 27 години во трговија на мало и бизнисот со недвижен имот со главни деловни активности планирање, инвестирање, управување и развој на проекти и тоа: ТЦ Сума Куманово, ТЦ Скопје Сити Мол, станбен комплекс Скопје Сити Тауер, административна зграда ПроКредит банка Скопје и Rossa Nova SRL Италија.

Моментално работи во Fashion group Скопје на позиција косопственик/менаџер, каде работи 21 година.

Сопственик е на Еуро фин инвест ДООЕЛ Скопје.

Во Реплек поседува 300 обични акции, во Алкалоид АД Скопје 20 обични акции, а во Макстил АД Скопје, 430 обични акции.

Не е и не бил член на орган на управување, односно Надзорен одбор на друштва.

Нема заеми или обврски спрема Реплек, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи

Владимир Пецовски и Коста Котески купија нови акции во Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Среќно заврши потрагата по тројца изгубени моторџии кои ноќта ја минале на Плачковица

Редакција

Евакуирани и деца од градинка по дојавата за бомби во училишта во Кавадарци

Редакција

Македонија напредна од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“

Редакција