еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Треба да се испочитува здравствениот систем овде, па да се замине во странство, вели Манолева за лекувањето на Леонид

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева, за случајот со Леонид Индов, вели дека прво треба да се испочитува здравствениот систем тука, да се исцрпат сите можности, и дури потоа да се упатат на лекување или на рехабилитација во странство.

Според нејзе „ние имаме здравствен систем кој во последните години во однос на апаратурата, во однос на опременоста е навистина напреднат“.

„Треба и да се предложи и до Собранието некаква измена за она што значи можност откако ќе бидат исцрпени сите можности во нашата земја за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување или за рехабилитација.

Треба да се консултираат правни лица на оваа тема, треба да се провери дали треба да се сменат законските услови или треба да се смени Законот за здравствено осигурување или треба да се направи промена со правилник на Фондот,“ изјави Манолева.

Таа вели дека родителите на Индов не побарале никакво мислење од соодветните институции за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно рехабилитација на тоа дете во нашите установи.

„Треба прво да се изоди тој пат, па потоа да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и потоа стручниот колегиум да даде свое мислење дали има или нема можност за продолжување на лекувањето и рехабилитацијата во нашите институции“, рече Манолева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускоска: Факт е дека Јанева примила пари

Редакција

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Редакција

Асенчо Ценов се повлече од Управниот одбор на Жито лукс, Методи Пишев нов член

Редакција