Синот на бизнисменот Велија Рамковски, Хеди Рамковски, кој беше во бегство по отварање на случајот „Пајажина„ пред неколку години, бил екстрадиран во Македонија во јули, а јавноста дозна дури сега, откако информацијата се рашири по социјалните мрежи.
Тој се наоѓа во Истражниот затвор Скопје или попознат како Шутка, потврди за Слободен печат, директорот на затворот, Бобан Утковски.
Се уште е во тек повторениот судски процес за него, за што му е одреден притвор, а во Шутка е донесен на 26. јули.
Хеди Рамковски беше осуден на седум години затвор во отсуство и сега има право на повторување на судскиот процес.
Неговиот татко беше осуден на 13 години затвор, а поради здравствени проблеми на крајот на 2017 година беше пуштен на лекување.
Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ во Скопје за затајување на данок, перење на пари и злосторничко здружување.
Фото: Влада