еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) Скопски моден фестивал од 3 до 6. април во партнерство со Државна лотарија

За каква ли тајна вечера се подготвуваат и што може да ја обедини на иста маса ѕвездената шесторка: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска? Одговорот ќе се дознае многу наскоро – на четвртото издание на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија.

Културно-забавната манифестација ќе се одржи во трговскиот центар Diamond Mall, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеи на познати брендови од домашната сцена, како и гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно ќе земат учество во рамки на четиридневната официјална програма на настанот.

„Среќата е насекаде!“ е слоганот под кој од трети до шести април, македонската метропола одново ќе пулсира во пролетниот моден ритам на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, на нова урбана локација и со сосема поинаков концепт од претходните три изданија на фестивалот.

Домаќин на четвртата сезона е трговскиот центар Diamond Mall, лоциран во срцето на градот Скопје, каде во четири дена, публиката од земјата и странство ќе има прилика да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.

„Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на македонската дизајнерка Ивана Кнез, која со јубилејната ревија „Viva La Drama“, тајно подготвува вистинско шок искуство за присутните гости, а со кое ќе ги кулминира петнаесетте години од нејзиното „драматично постоење“ на нашата модна сцена.

Затворањето на фестивалот, пак, резервирано е за прослава на уште еден голем јубилеј, овојпат на најпознатиот домашен бренд за интимна облека Sara Fashion, кои ќе ги обележат дваесет и петте успешни години, со возбудливо шоу кое ќе изнуди воздишки на многубројните  посетители, подеднакво со моделите на пистата и со забавата на подиумот, каде како специјални музички гости ќе настапат членовите на музичката група The Blackberries Band,“ најавува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Напоредно со презентацијата на последните колекции и опусот на најквалитетните македонски дизајнери и брендови, организацискиот тим на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, останува доследен и во ексклузивното претставување на интернационални гости од регионот и пошироко, но и во промоцијата на млади надежи и таленти чиешто време допрва доаѓа.

Официјалната програма на манифестацијата ќе се одвива во среда (03.04), четврток (04.04), петок (05.04) и сабота (06.04), во временскиот интервал од 19:30 до 22:30 часот, со црвен килим по холивудски терк, на кој се очекува да зачекорат претставници на дипломатскиот кор и бизнис заедницата, истакнати поединци од културната сцена, акредитирани новинари, фотографи и уметници, како и познати имиња од светот на модата и забавата како ВИП посетители.

Организаторите традиционално изработија и краток моден филм како најавно видео за четвртата сезона, во соработка со Viral Agency, каде како заштитни лица и главни протагоности се појавуваат ѕвездената екипа сочинета од шесте величествени: Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска.

„Skopje Fashion Festival денес е водечки домашен настан за љубителите на модата во метрополата, презентирајќи им го најдоброто од македонската култура низ симбиоза на дизајн, уметност, едукација и забава, а истовремено е домаќин и на реномирани имиња од регионалната и европската сцена.

Маркетинг агенцијата МAX Management Agency како организатор на престижната манифестација, може да се пофали со учество на над 60 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 300 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 25.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот, после само две години и три сезони од нејзиното иницирање. Четвртата сезона очекуваме да се надминат и рекордите кои самите ги поставивме, како во однос на учесниците, така и за интересот на публиката,“ заклучува Ивана Китановска Трпеска, директор за односи со јавноста на фестивалот.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви биле размислувањата на Гоце Делчев за Бугарија?

Редакција

Според Холандија мали се шансите за старт на преговорите со ЕУ на 22 јуни

Редакција

Од денеска почнува Велигденскиот пост: Стожерот се воздржание, молитва, милосрдие и љубов

Редакција