еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Вест на денот: Скопско пиво го менува името, станува и Битолско, Велешко, Охридско……

По повод стотиот роденден, Скопско го претстави новиот дизајн на амбалажата на лименките и стаклените шишиња на која сега се појавуваат имињата на секој од градовите во државата, информираат од таму.

И така, омиленото пиво на овие простори сега ќе има етикета на која пишува не само Скопско, туку и Битолско, Штипско, Охридско, Струмичко, Гевгелиско…

На овој начин, Скопско сака да им се заблагодари на луѓето кои се дел од заедничката приказна, со кои заедно помина 100 години вредни за паметење и со кои ќе се радува во следните 100. Бидејќи иако адресата му е во Скопје, Скопско својот дом го наоѓа секаде каде што луѓето уживаат во неговиот вкус, велат од таму.

-Сите луѓе во земјава имаат различни приказни, доживувања, настани кои ги паметат и спомени кои ги исполнуваат, но она што ги спојува сите нив е Скопско. Омиленото пиво кое е дел од нивните приказни цел еден век, и кое низ годините стана национален симбол за среќа, забава и пријателство.

Веќе од денеска, љубителите на добро пиво можат да седнат покрај Охридското Езеро и да пијат Охридско или пак да се качат на Пелистер додека се разладуваат со Битолско. Каде и да се наоѓа, во било кој крај од светот, Скопско е препознатливо по уникатниот и автентичен вкус кој веќе 100 години претставува синоним за квалитет, среќа и задоволство.

На здравје, за наредните 100 години!, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Ќе има споени предмети, објавени новите наставни програми за второ и за петто одделение

Редакција

Возачот на „шевролетот“ бил пијан: Детали од Обвинителство за сообраќајката кај Штип во која загинаа три лица

Редакција

МИОА вработува 15 службеници

Редакција