еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ’Алкалоид’“

Водени од грижата за човечките ресурси и од континуираните заложби за негување и јакнење на врската меѓу компанијата и вработените, со оваа иницијатива децата на вработените во Алкалоид АД Скопје имаа ретка можност да го посетат производствениот објект фармација во Автокоманда и одблиску да се запознаат со производствените процеси и активности на работните места на нивните родители, информираат од компанијата.

-Низ организирана прошетка, малите алкалоидовци, преку наративно објаснување со лесен тон на раскажување приспособен на нивната возраст, имаа можност да се запознаат со сите процеси: од почетокот на производството, па сѐ до процесната контрола и пакувањето.

Младите истражувачи учествуваа и во практични активности со симулирани контролни тестови и мерења и со мешање течности и бои, наменети да ја разбудат нивната љубопитност.

Како и при претходната посета, децата уживаа и во забавниот аспект на настанот, при што се вклучија во групни игри и организирани активности за меѓусебно дружење и зближување, што дополнително го збогати нивното искуство.

Оваа иницијатива продолжува да биде значаен дел од корпоративната култура на „Алкалоид“, воведувајќи ги децата на вработените во светот на науката и технологијата на забавен и едукативен начин.

Овие моменти на заедништво ја дополнуваат визијата на „Алкалоид“ за создавање средина во која вредностите на компанијата се живеат и се споделуваат со идните генерации, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот магазин АД ја препорачува Македонија меѓу петте туристички дестинации за 2020

Редакција

ЕВН наградена за унапредување на човековите права во бизнисот

Редакција

Утре во МСУ-Скопје почнува фестивал на перформансот

Редакција