еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Истанбул станува водечка светска конгресна дестинација

Истанбул се издигна како водечки играч на меѓународниот пазар на конгреси, привлекувајќи значајни конференции и корпоративни настани. Со своите современи конгресни центри, премиум хотелски синџири и иновативни урбани развојни проекти, Туркије ја зацврстува својата водечка позиција во индустријата.

Покрај богатата историја и уникатна местоположба, Истанбул додава уште еден адут во  својата туристичка понуда, создавајќи нови стандарди во современиот конгресен туризам.

Минатата година 23 милиони туристи го посетиле Истанбул, со што градот е на второто место на листата на десет најпосетувани градови во светот. Разновидното богато културно историско минато и спојот на истокот и западот, Michelin-star ресторани, живописен ноќен живот и луксузен шопинг, се само дополнителен атрибут на конгресниот туризам во Истанбул.

Културен центар Ататурк, Истанбул

Во насока на зајакнување на позициите и градење на можности за континуиран раст, беше иницирана соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, која ги обединува клучните фактори од овој сектор.

Целта на оваа соработка е унапредување на процесот на аплицирање, зголемување на учеството на делегати и обезбедување сеопфатни пакети за поддршка на меѓународните конгреси во Истанбул и во другите атрактивни туристички локации во Туркије.

Оваа иницијатива е предводена од Министерството за култура и туризам, Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Туркије (TGA), Општина Истанбул, Стопанската комора на Истанбул, Бирото за конвенции и посети на Истанбул (ICVB), Turkish Airlines, Pegasus Airlines, Хотелската асоцијација на Туркије (TUROB), како и двата најголеми аеродроми во градот – ИГА Истанбул и Сабиха Гокчен (SAW).

Клучен аспект на оваа иницијатива е најавената Јавна и приватна декларација на индустријата, формален ангажман на сите партнери за активно привлекување, поддршка и олеснување на организирањето на значајни меѓународни конгреси во Истанбул. Оваа декларација ја нагласува посветеноста за создавање деловна и пријателска средина за динамичен развој на оваа специфична туристичка гранка во Истанбул и Туркије.

Оваа соработка се фокусира на креирање на сеопфатен пристап за конгресниот туризам, нудејќи им на организаторите целосна поддршка. Во рамките на новиот пристап предвиден е поедноставен и унифициран процес на аплицирање, промоција и поддршка при маркетинг кампањи за зајакнување на имиџот и видливоста на конгресите и зголемување на бројот на учесници и пакети за поддршка, односно финансиски и логистички стимулации и зголемување на атрактивноста на Истанбул како светски центар за оваа индустрија.

Истанбул не е единствена дестинација кој нуди уникатни можности за конгресен туризам. Иновативниот пристап, солидната инфраструктура и одличните туристички капацитети ги позиционираат високо на листата на локации за конгресен туризам и другите центри во Туркије, како Анталија или луксузниот Бодрум и други локации низа целата земја.

Анталија

Сончевата Анталија со повеќе од 300 хотели со пет ѕвезди, преку 175.000 конгресни седишта, значајна туристичка инфраструктура и природно историски знаменитости е домаќин на бројни меѓународни конференции. Токму во Анталија се одржа еден од најпрестижните собири во светот Самитот Г20.

Бодрум

Не помалку атрактивна локација е луксузниот Бодрум каде покрај другата понуда, градот изобилува со одлични инфраструктурни можности за конгресен туризам и голема туристичка понуда од која се издвојуваат плажите.

Измир

Рангиран како град со највисок квалитет на живот во Туркије, Измир, покрај  богата историја и исклучителна кулинарска сцена, има одлични можности и за конгресен туризам. Кападокија или нереалната убавина од соништата е вистински избор за оние кои сакаат во деловното патување да го вклучат и уникатното искуство на овој предел. Хотелите во Кападокија нудат незаборавен амбиент за интимни состаноци и ексклузивни корпоративни одмори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пештерите што не треба да ги пропуштите во Туркије

Со 62,2 милиони туристи и приход од 61,1 милијарди долари во 2024, Туркије соборува рекорди во туризмот

(Фото) Атрактивната археолошката туристичка понуда на Туркије збогатена со нови пронајдоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Запознајте го новиот фитнес модел Ружица Арсовска

Редакција

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

Редакција

Бензините поевтинуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста

Редакција