еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Награди за 50 најуспешни вработени на „Sport Life“

„Sport Life“ обложувалници, ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година, ин формираат од таму.

Вкупно 52. вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и беа наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година.

„Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени, и ги претставуваме нивните резултати. Нивните успеси ни даваат мотив за поставување нови и повисоки цели во работењето за следната година“, истакна менаџерот за човечки ресурси на “Sport Life“, Александар Арсовски.

Најуспешните вработени се оценувани според резултатите во текот на изминатата година, во различни делови на работниот процес, и согласно однапред утврдени критериуми.

„Sport Life“ како водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, постојано вложува во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии, доделување редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прекрасна финална вечер на „МакеДокс“ со доделување награди

Редакција

8 Март во Рамстор Мол: Жената е секогаш центар на нашето внимание

Редакција

Во Кавадарци падна Лото7: Уплатил 100 денари добил близу 500.000 евра

Редакција