еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Нова соработка помеѓу Еснаф и модната дизајнерка Росица Мршиќ

Дизајнерката Росица Мршиќ, во рами на новата соработка со Еснаф, дизајнираше нова колекција.

Еснаф е платформа за промоција, поддршка и поттикнување на македонските занаетчиски техники, претежно со вклучување на лица од најранливи категории.

Во рамки на оваа соработка е создадена „Heritage“ колекцијата со цел да се зачува и да се негува традицијата на домашните занаети и рачна изработка. Колекцијата е дизајнирана од познатата дизајнерка Росица Мршиќ и содржи современо дизајнирани рачно изработени модни додатоци инспирирани од богатото македонско културно наследство.

Во колекцијата се вклучени: плетени, везени и чанти изработени со таписерија техника, ткаени појаси и обетки изработени од материјали остатоци од домашната кожарска индустрија, сите создадени по принципот на бавна мода и одржливи. Во секое парче од колекцијата е вклучена голема љубов и посветеност од локални занаетчии и изведувачи.

Оваа колекција ќе биде достапна за продажба во Pop Up продавница „Ready, Steady, Shop“ организирана од Еснаф во партнерство со Моден викенд и East Gate Mall, како и на онлајн продавницата на Еснаф. Продавницата се наоѓа на први кат и ќе работи од 15 до 31 март 2024.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во две блок-трансакции продадени акции од НЛБ Банка за 329.000 евра

Редакција

(Видео) Спасена првата заложничка од израелската војска

Редакција

Ребалансот на буџетот помина на Влада: Кој доби повеќе пари?

Редакција