еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Патувачката гајба на Скопско пропатува низ градовите во земјава, со најава за големата роденденска забава во Скопје

Со патувачка гајба и поставки во неколку градови на земјата започна големата прослава по повод 100 години постоење на омилениот бренд на пиво на овие простори – нашето Скопско, кое е дел од сите важни прослави и моменти во животот, информираат од таму.

Во текот на месец август караванот на Скопско помина низ шест различни градови од земјата и ја донесе славеничката атмосфера поблизу до луѓето, а роденденската прослава ќе кулминира на 21. септември, кога Скопско ќе ја организира огромна летна журка во Скопје и ќе ги подигне чашите во вис за да наздрави за следните 100 години заедно!, посочуваат од таму

Патувачката гајба досега беше во неколку градови во нашата земја, Струмица, Куманово, Охрид, Прилеп, Штип и Битола.

-Поставката која симболично ја доби формата на пивска гајба е всушност подвижен, монтажен музеј во чија внатрешност можат да се видат интересни информации за брендот Скопско, за самото пиво и за начинот на кој се подготвува.

Секој можеше да понесе со себе и фотографија од него и Скопско која означува некаков посебен момент, кои потоа во дигитална форма се изложуваа како дел од поставката во патувачката гајба. А надвор од неа, посетителите имаа можност да уживаат во забавата која имаше различна програма за секој град, како и да ја гасат жедта со ладно Скопско наточено на некој од продажните штандови.

Забавата не помина без добра музика, и домашните изведувачи како Нокаут, Ареа, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, DJ Гоце, Фолтин и многу други кои со нивните песни ја разигруваат публиката, најавувајќи и загревајќи ја атмосферата за она што следува на 21. септември во Скопје.

А таму, на 21. септември, Скопско ќе ја организира најголемата роденденска забава досега и ќе го прослави својот 100-ти роденден заедно со луѓето кои го направија број 1 бренд во земјата – љубителите на доброто пиво, велат од таму.

Предвидени се настапи на некои од најголемите домашни музички имиња, забавни активности, многу ладно пиво и специјални изненадувања кои ќе го заокружат роденденот на Скопско во спектакуларен стил.

-Остануваат малку денови до големата роденденска забава на Скопско. Затоа, информирајте ги најблиските, планирајте го друштвото и бидете дел од најголемата здравица досега! На здравје за Скопско и за следните 100 години!, велат од таму

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонско лето: Врвулица од криминалци барани од Интерпол

Редакција

Нови 320 случаи на Ковид-19 од 3.366 тестирања

Редакција

Пендаровски не гледа ниту една основа за ново бугарско вето

Редакција