еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената порасна: Голден Арт за 7 милиони евра ја купува управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности

Наместо 5,8 милиони евра, Голден Арт ќе треба да плати 7 милиони евра за управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности ДОО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голден Арт за 5,8 милиони евра ја купува управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности

Информацијата преку Македонската берза ја соопшти Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје. Друштвото во Раде Кончар – Заеднички дејности поседува 40% од вкупниот број на акции.

-На ден 20.02.2024 година Собирот на содружници на Раде Кончар – Заеднички дејности ДОО Скопје, во кое Раде Кончар – Апаратна техника поседува 40% од вкупниот број на удели, донесе Одлука со која ги усвојува условите од претходно доставената Понуда на Голден Арт, како и од дополнително доставениот Анекс бр.1 на Понудата за дополна и корекција на условите на Понудата со зголемена купопродажна цена и променет начин на плаќање за купопродажба на недвижниот имот – управната зграда на Друштвото (ИЛ 58529 за КО Кисела Вода 2 на КП 1851/16) по цена од вкупно 7.000.000 евра во денарска противвредност сметано по среден курс на НБРСМ на денот на плаќањето, информираа од таму.

Одлуката ќе стапи на сила по донесена Одлука за одобрување на купопродажбата од страна на Собранието на акционери на содружникот Раде Кончар – Апаратна техника.

-За таа цел, за предметната работа ќе биде свикано и Собрание на акционери на Раде Кончар – Апаратна техника, на кое акционерите на Друштвото ќе треба да се изјаснат во врска со наведеното и ќе дадат насока и одобрение на Одборот на директори да преземе понатамошни активности, како и да го врши гласачкото право по основ на уделот во Собирот на содружници на Раде Кончар – Заеднички дејности при натамошното одлучување и реализација на конкретната продажба, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раде Кончар – Апаратна техника лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спектакл во Дубаи: Отворена најголемата фонтана во светот

Редакција

„БРАКО“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на 10 возила-метлачки вреден милион евра

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Цел имот на Јанаќе Витановски е подарок

Редакција