еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Чешка ги зголеми квотите за работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија

Чешка одлучи да ги зголеми квотите за работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија и ги намали ограничувањата за Украинците, пренесуваат локалните медиуми.

Земјата планира да го зголеми бројот на работни визи за лица кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1.500 на 2.500, а оваа промена се однесува за работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија.

Чешка нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8.000 до 10.000 непополнети позиции, градежната индустрија има недостиг од околу 60.000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25.000 до 28.000 професионални возачи во следната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Итно средба во Владата и заедничко креирање на измените на Законот за игри на среќа, бараат обложувалниците

Редакција

(Видео) Трогателни сцени од мобилизацијата во Русија

Редакција

Убава вест: 328 оздравени од Ковид-19

Редакција