еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Чистота што трае – коса што се движи со свежина

Има нешто особено освежувачко во моментот кога ја миете косата по долг ден. Тој прв мирис, таа леснотија што доаѓа со првиот допир на водата и шампонот.

Чистата коса не е само визуелен детаљ, туку и чувство. Чувство на нов почеток, на полесен чекор и посветол ден и движење. Кога косата е чиста, се чувствуваме како да сме подготвени за сè: за работа, средба, прошетка или, едноставно, за себе. Тоа е едно од оние мали задоволства што тивко влијаат врз самодовербата, врз ставот со кој влегуваме во која било просторија. Како мирисот на свежо испран чаршаф, така и свежо миената коса носи радост што дава сигурност.

Со линијата Balea Pure Frische, секое миење станува мал ритуал на освежување, како прв залак од зелено јаболко. Овој шампон не само што чисти, туку и го буди и го разигрува скалпот, ја освежува косата и остава чувство на леснотија што трае.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Но, вистинската чистота не значи само отстранување на нечистотијата. Таа значи и почитување на природниот баланс на скалпот, кој е важен дел од телото. Премногу честото миење со агресивни средства може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е важно да се избере формула што ја почитува биологијата на косата: да чисти, но и да заштитува. Вистинската чистота доаѓа кога косата е левтерна, мека и подготвена да ги следи движењата на телото, без вештачко чувство на тежина или заостаната маска меѓу прамните.

Особено е погоден за оние со мрсна коса или комбинација на мрсен корен и суви врвови, а тоа се типови коса што често бараат повеќе од само еден производ. Токму затоа, линијата вклучува и производ за нега „сè во едно“, кој ја комбинира моќта на нега, омекнување и заштита. Без силикони, со веганска формула и природен мирис, оваа комбинација ја негува косата, правејќи ја подготвена за ден исполнет со свежина.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок времето облачно со повремен дожд

Редакција

Во струшката болница од морбили се заболени 9 вработени од вкупно 56 на хируршкото одделение

Редакција

(Галерија) Во Fit Family вежбајте и слабејте заедно со познатите: Метода со која се постигнува вистинска трансформација на телото

Редакција