До петок ќе се задржи променливо време со повремен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре, пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2.
Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето. Утринските температури ќе опаднат, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.