еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како тоа го прави Груби: Коалционите партнери на Заев „летат“ орли кај ќе стигнат

Преставниците на коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, немаат баш осет кога се во прашања чувствата на нивните сограѓани Македонци и идејата за градење на вистинско мултиетничко општество, кое нема да биде само на хартија, туку и во пракса.

И во кое најважно ќе се заборави на провокации од било каков тип, кои ги повредуваат чувствата на било кој.

Пред некој ден лидерот на ДУИ, Али Ахмети, „леташе“ орли со Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, за да честита за официјализирање на албанскиот јазик како втор службен во Македонија, а синоќа во емисија на телевизијата 24 орли „леташе“ и Артан Груби.

Оваа не им е ни прв, а најверојатно ни последен пат.

На прашање на новинарот на телевизијата 24, зошто е потребно тоа, Груби меѓудругото одговори, дека неговите колеги од партија така собирале гласови.

Како „летањето“ на орли ќе им го подобри животот на Албанците во Македонија, кои последниве години поради сиромаштија и подобар живот масовно се иселуваат од земјата е прашање за милион долари.

Друго прашање кое заслужува исто така големо внимание е колку од нив денеска живеат во Македонија.

И трето не помалку по значање прашање е каде живеат Груби, Османи и Ахмети и на која земја се преставници? Не за друго, наши пари трошат.

Фото: Фејсбук/Османи/телевизија24/Фејсбук/Груби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за орлите на Груби: „Орелски крилја как да си метнех и во Северна да си прелетне…“

(Фото) Ахмети со двоглав орел честиташе за Законот за јазици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барањето за преиспитување на пресудата за Јанакиески за „Титаник“ е неосновано, одлучи Врховен

Редакција

Комисијата за односи со верски заедници распиша тендер за купување возило

Редакција

Синдикалната минимална кошница за јануари, речиси 1.000 евра

Редакција