еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Ахмети со двоглав орел честиташе за Законот за јазици

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалициониот партнер на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за официјализирањето на албанскиот јазик како втор службен јазик во Македонија честиташе со знакот на двоглав орел.

На својот Фејсбук профил, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објави заедничка фотографија со Ахмети и напиша: „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.

Ахмети пак на својот Фејсбук профил напиша: „Ветивме, остваривме“.

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на Фејсбук ги наброја работите кои ги ветила и остварила ДУИ: “Интеграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, системски реформи, ветено сторено“.

Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири пак на Фејсбук и порача на ДУИ да „не се кити со туѓи перја“ кога е во прашање Законот за јазиците.

„Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја. Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите. Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“, напиша Зекири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Објавувањето на Законот за јазици и Договорот од Преспа во Службен весник без мој потпис е противуставно и претставува основа за кривично гонење

Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“

Службен весник се огласи по објавувањето на Законот за јазици и новото име

(Фото) Законот за јазици без потпис на Иванов, објавен во Службен весник

Фото: Фејсбук/Ахмети/Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Редакција

18 месеци затвор за сообраќајката во која загина 25-годишен битолчанец, семејството е гневно

Редакција

(Фото) Спасовски доби најдобра оценка од граѓаните, Груби најлоша: Анкета на ИРИ

Редакција