еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

40-годишен полицаец од Велес убиен од неговата партнерка со нож во пределот на срцето

Четириесет годишен полицаец од Велес е убиен од неговата партнерка со нож во пределот на срцето.

„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт,“ соопштија од СВР Велес.

Основното јавно обвинителство во Велес извршило увид во куќата каде е извршено кривично дело убиство.

„Првичните сознанија на Обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција.

Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело,“ информираа од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски од Прага: Чешка од секогаш отворено го поддржувала членството на Македонија во ЕУ

Редакција

(Фото) Градоначалничката на Касандра објави фотографија од топката која му го спаси животот на Иван

Редакција

Најчесто кардиоваскуларна болест: 69,5% од починатите од Ковид-19 биле со претходни заболувања

Редакција