еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски од Прага: Чешка од секогаш отворено го поддржувала членството на Македонија во ЕУ

Чешка е наш значаен и докажан сојузник со кој веќе три децении градиме пријателски политички и економски односи. Особено ja цениме недвосмислената и отворена чешка поддршка за македонските евроинтеграции и пристапните преговори кои ги водиме, со цел, имплементирање на сите есенцијални реформи и наша брза интеграција во ЕУ, оцени претседателот Стево Пендаровски, кој од денеска престојува во официјална посета на Чешката Република.

– Благодарност за минатогодишниот ангажман на Чешка како претседавач со Советот на Унијата, но, и за сите напори што ги вложува земјата како дел од Вишеградската група, кои се од особен интерес за нас заради успешниот модел на регионална соработка, стои во објавата на Пендаровски на „Фејсбук“.

Македонското и чешкото општество, наведува Пендаровски, се поврзани со силни историски и културни врски кои ги градат нашите граѓани, а нашите две држави веќе три децении градат пријателски политички и економски односи.

На прес-конференцијата претседателот Пендаровски се осврна и на значењето на проширувањето на ЕУ во контекст на безбедностата на регионот и пошироко.

-Со претседателот Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, што е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето присуство во нашиот регион за да го задржи кредибилитетот на процесот на проширување.

На нашата денешна средба размениме мислења, не само за внатрешно- политичките состојби во двете земји, туку и за актуелните предизвици со кои се соочува Европа. Во тие рамки, разговаравме за руската инвазија врз Украина, за нашата соработка во НАТО алијансата, како и за активностите кои ние како претседавачи со ОБСЕ ги преземаме во функција на севкупната европска безбедност, рече Пендаровски.

Покрај соработката на меѓународен план и одличните политички односи, на економски план со особено задоволство констатиравме дека во последните 6, 7 години имаме постојан прогрес на економски план и пораст на трговската размена. Затоа е императив да продолжиме со иницијативи со кои ќе ја унапредуваме нашата договорна рамка која служи како платформа која овозможува уште подобра соработка меѓу чешките и македонските стопанственици.

-Во оваа прилика посебно сакам да ја поздравам иницијативата за формирање на Македонско-чешка бизнис асоцијација.Нашите очекувања се дека енергетскиот сектор, транспортната инфраструктура, ИТ секторот, земјоделството, прехранбената индустрија, како и заштитата на животната средина, во иднина треба да бидат наш заеднички приоритет, како области во кои имаме широки потенцијали за интензивирање на соработката.

-На денешната средба со претседателот Петр Павел го потврдивме нашето партнерство. Чешка е наш значаен и докажан сојузник во Обединетите Нации, во ОБСЕ, а сега и во НАТО Алијансата. Во изминатите неколку години имаме и постојан пораст на трговската размена како потврда на постојаниот развој на нашите билатерални врски во повеќе полиња, се наведува во објавата на официјалниот Фејсбук профилот на Пендаровски по повод отпочнувањето на посетата.

Претседателот Пендаровски во Прага беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговиот чешки колега со што започна неговата официјална посета на Чешката Република. Двајцата претседатели остварија тет-а-тет средба, на која биле потврдени искрените пријателски односи меѓу двете држави. На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, партнерството во НАТО, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.

Во рамки на дводневната посета на Чешката Република, шефот на државата Пендаровски ќе има средби и со претседателот на Владата, Петр Фиала, со претседателот на Сенатот на Парламентот Милош Вистрчил, како и со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ ќе ја поддржи Резолуцијата за црвените линии со Бугарија доколку се користи уставното име на државата

Редакција

Антикорупциска: Податоците за транспарентноста на политичките партии се поразителни

Редакција

Кластери на заразени од Ковид-19 во основно и средно училиште и во градинка во Струмица

Редакција