еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кластери на заразени од Ковид-19 во основно и средно училиште и во градинка во Струмица

Два кластери на заразени од Ковид-19 се регистрирани во едно основно и средно училиште и еден во градинка во Струмица. Има позитивни ученици и деца, но и наставници и воспитувачи.

Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје во Струмица, од каде велат дека трансмисијата на вирусот била во самите училишта и затоа се водат како нови кластери.

-Прeземени се сите неопходни мерки и се надевам дека во иднина нема да се појавуваат други ученици. Меѓутоа, ако постои ние по епидемиолошка индикација секако ќе тестираме. Согласно мерките и протоколите кои се од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ние постапивме така како што треба.

Дел од учениците веќе се ставени во домашна изолација, тие се под надзор и се следи нивната здравствена состојба, вели епидемиологот Мери Николова Гичева.

Позитивни случаи се регистрирани и во две градинки, заради што дваесетина деца и неколку вработени се ставени во изолација.

Според Николова Гичева, моменталната состојба со Ковид-19 во регионот на Струмица и Валандово ја оценуваат како нестабилна, а бројот на новозаразени расте секојдневно.

Во овој бран вирусот најмногу ги погодува младите и средна генерација граѓани, а во последните денови струмичкиот регион е во самиот врв по број на нови случаи од коронавирусот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 835 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

(Видео) Трамп прогласи вонредна состојба во САД поради корона вирусот

Редакција

Милошоски: СДСМ ги избрка Бучковски, Бузлевски, Буралиева, Грчева…

Редакција