еМагазин
Image default
Македонија

Најголемите клиентелистички односи се создаваат токму за време на изборниот процес, велат од Антикорупциска

Интегритетот во рамки на изборниот процес е од исклучително значење за намалување на корупцијата. Најголемите клиентелистички односи се создаваат токму за време на изборниот процес. Финансисрањето на политичките партии и нивните активности мора да се следи и унапредува, бидејќи е клучно овој процес да биде транспарентен за да се намалат можните злоупотреби.

Ова го нагласи, меѓу другото, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, истакнувајќи дека Антикорупциска го следи целиот изборен процес и во случаи на основи на сомневање за прекршување на законите презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активнсоти во рамки на нивните надлежности.

ДКСК веќе постапува согласно нејзините законски ингеренции, разгледува предмети поврзани со изборите, а за откриените нерегуларност, како што рече Ивановска, но и за постапки што не се спротивни на законот, но и не се во духот на доброто владеење и располагање со државните средства, ќе извести во посебниот извештај за изборниот процес, а редовно се доставува до Собранието.

Таа ги потсети носителите на јавни фунцкии на потпишаниот етички кодекс во Владата, во кој има посебен член во кои се регулирани активностите на носителите на јавни функции во услови на нивна политичка активност.

Ивановска информира дека од сртана на ДКСК била организирана Јавна дебата за интегритетот на учесниците во изборниот процес, на која биле поканети сите релевантни политички партии, институции и НВО.

Отсуството на политичките партии на вакви јавни дебати, забележа таа, е јасна потврда за нивниот игнорантски однос кон законските и моралните начела за интегритет во изборниот процес, а како резултат на тоа отсуствува и градење на транспарентна и одговорна политичка култура, што ќе даде придонес за јакнење на демократијата. Одговарајќи на новинарско прашање, претседателката на ДКСК појасни дека на јавната дебата онлајн биле вклучени претставници од политичките партии, но тие не биле активни.

ДКСК повторно ги известува сите министерства, единици на локална самоуправа, фондови,агенции, регулаторни тела, дирекции, јавни претпријатија, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата, за изборните ограничувања во Изборниот законик.

Од денот на донесување на одлуката за распишување избори, до денот на завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на Советот на општините и на Градот Скопје, не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на ЈП и други правни лица што рапослагаат со државни средства, на нови објекти во инфраструктурата.

Токму овој дел од законот, смета Ивановска, е најмногу заобиколен од страна на учесниците во изборниот проце бидејќи се е испланирано и е дел од програмите да се случи токму во изборниот процес

На денешната прес-конференција беше посочено дека изборниот процес започнал многу порано од законски предвидениот рок.

– Сведоци сме на низа обиди од страна на политичките партии за заобиколување на изборната регулатива, но отсуството на санкции во минатото и долгото нерешавање предмети што се во процедура, кај јавноста создаваат општ впечтаок на неказнивост. Сите институции треба да покажат проактивност, согласно своите надлежности, да ги нотираат негативните појави и да постапуваат по нив, рече Ивановска.

Таа како пример посочи дека има пријава до Антикорупциска што се однесува на злоупотреба на носител на јавна функција, кој преку Агенција за привремени вработувања, поставува претседател на својата партија, кој при вршење одредена службена должност во институцијата во која е поставен, како што појасни, има можност да агитира на луѓето кои ќе ги користат тие услуги да гласаат за нивната партија.

– Има и таков вид злоупотреба. Се гледа на секој можен начин да се врши притисок, влијание и да се делува врз гласачкото тело, посочи претседатлката на ДКСК.

Да ги почитуваме законите што самите сме ги донеле и не се почитува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и никој не е во состојба брзо да детектира злоупотреба, се пораките од Катица Николовска и Нури Бајрами, членови во ДКСК.

– Од аспект на интегритетот и етичките вредности на учесниците во изборните кампањи, ќе споменам последните измени во Изборниот зкаоник донесени веќе во самиот ек на изборниот процес, надвор од сите прфепораки од ОБСЕ/ОДИХР да не се вршат измени на ИЗ најмалку шест месеци пред денот на одржување на изборите.

Со тоа се наметнаа обврски делумно во делот на ингеренциите на ДКСК, имаше и други членови со кои се зголеми процентуалното учество на двете носечки политички партии во дело на медиумското рпетставување од 90 на 97 отсто, за сметка на другите помали партиии во Парламентит, говореше Николовска.

На новинарски прашања дали во ДКСК има пријави и дали ќе преземе нешто во однос на постапките од страна на министрите Насер Нуредини и Бујар Османи, како и за користење гориво за возила во приватни автомобили, од ДКСК одговорија дека има начини како тоа да се утврди.

– Прво ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека возилото е користено за партиски активности во време на изборниот процес и доколку е така, како што имавме и примери и во претходните изборни циклуси, ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои го користеле службеното возило за партиски цели, рече Николовска.

Инаку, ДКСК со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи има обезбедено 16 набљудувачи на изборните активности во кампањата во 46 општини.

Ангажирани се и четворица аналитичари кои ќе ги следат секојдневните промени на трансакциските сметки и да вршат анализи во однос на валидноста и кредибилитетот на лицата што уплаќаат донации на трансакциските сметки, со цел да се види дали тие финансиски средства се обезбедени од нелегални извори или од анонимини извори, кои се забранети.

Досега до ДКСК, информираше Николовска, се пристигнати 21 пријава од кои, девет се однесуваат на активности преземани од општините, шест за незаконски постапувања на одоговрни лица во училишта и пет се однесуваат на други државни институции.

Пријавите се разгледани, подвлече, една е упатена на надлежно постапување на ДИК и е за активности пред започнување на изборната кампања. Една е отфрлена, а за друга за случај на мобинг ДКСК нема надлежнсот да постапува. За другите пријави се испратени барања до институциите кои се прозвани да се приберат информации за посочените наводи.

– Организаторите на изборните кампањаи до ДКСК можат да достават приговор за повреда на законите, по што ДКСК е должна да постапи во рок од пет дена и се уште немаме такви поднесени пријави, но семе подготвени, истакна Николовска.

До ДКСК до денеска се пристигнати 165 барања за мислење, од кои 33 се доставени од Единиците на локална самоуправа, две од Јавни претпријатија формриани од Влада, 11 од ЈП формирани од општините, седум од Агенции, три пријави од Управи, една од суд, 39 се од основни и 11 од средни училишта, пет барања од културни установи, 13 од здрвствени устнови и други 25 барања за мислење од физички лица.

Барањата за мислење од ДКСК се главно за јавни набавки, за започнување реализација на одреден објект, за исплати, за издавање долготраен закуп на општински имот, за вработувања и други….

Таа повтори дека ДКСК не дава ниту согласност, ниту одобрување на вакви барања. Тоа се обврски и одговорности на лицата што управуваат со институциите, рече Николовска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлозите за укинување на „пржинската влада“ и на апанажата не поминаа во Собранието

Редакција

Нови 109 случаи на Ковид-19 од 1.062 тестови

Редакција

Започнат е процесот на консултации во ЕУ за францускиот предлог, откри Османи

Редакција