еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Шалтерите на МВР низ техничките станици во Скопје не работат, службениците биле на одмор

Во речиси сите технички станици за преглед на возила низ Скопје, шалтерите на Министерството за внатрешни работи (МВР) не работат, бидејќи службениците биле на одмор.

Во една од најпосетуваните станици за технички преглед на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во центарот на Скопје, нема службеник на МВР и шалтерот нема да работи до 1. јули.

Доколку сакате да регистрирате возило, АМСМ ќе Ви изврши технички преглед, но за печат во сообраќајна треба да одите во друга техничка станица каде што работи шалтер на МВР. Од таму Ве препраќаат во три технички станици на ПСС, па каде ви е најблиску.

Во ПСС на Зајчев рид, на шалтерот на МВР има огромна редица, и се чека по неколку часа. Граѓаните кои ги затекнавме, велат дека освен во АМСМ, шалтерите на МВР не работат и во другите технички станици, па целата гужва, се слева таму.

Низ цело Скопје, само во три технички станици имало службеници на МВР без кои, е невозможно регистрација на возила, вадење на возачки дозволи и меѓународни возачни дозволи.

Граѓаните со право се револтирани, а останува нејасно прашањето, зошто на службениците кои заминале на годишен одмор или користат боледување, не им е најдена замена.

еМагазин.мк упати прашање до МВР, за оваа состојба со техничките станици.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Протоколот ќе го објавиме пред да биде потпишан

Редакција

Пожарникарите се справуваа со пожарот на Скопска Црна Гора

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

Редакција