На РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.- 31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација, информираа од Берзата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавна опомена од Македонска берза за РЖ Интер-Трансшпед и ДС Смитх
Симеон Василев не е повеќе акционер во РЖ Интер-трансшпед
Симеон Василев поднесе оставка, Никола Ангелевски нов извршен член на ОД на РЖ Интер-трансшпед