еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се отвори ли повторно култниот хотел „Бристол“ во Скопје?

Македонијатурист АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, меѓудругото информира дека за хотелот „Бристол“ во Скопје во тек е изработка на проекти за негово комплетно реновирање.

Хотелот со години е затворен.

-Доколку се усвојат нашите предлози за измена на ДУП-от на Општина Центар, ќе се преземат соодветни активности за реконструкција или повторна доградба на хотелот, велат од Друштвото, во чија сопственост е овој култен хотел.

За хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје, друг хотел во сопственост на Друштвото, годинава се планира реновирање на фасадата на хотелската зграда.

-Оваа инвестициска активност беше предвидена во планот за инвестициски активности за 2024 година, но со реализација не е започнато, бидејќи се уште не се добиени потребните дозволи од надлежните органи, завршување на веќе започнатата активност за реновирање на апартманите во рамките на хотелот, велат од таму.

Реновирање се планира и за уште еден хотел во сопственост на Друштвото, Бест Вестерн хотел “Турист“ во Скопје, како и за хотелот „Карпош“ во Скопје, а во хотелот “Белви“ се планира замена на цевната мрежа за греење и ладење за бунгаловите, санација и изолација на бунгаловите, изградба на фотонапонска централа од 1MWh за прозводство на електрична енергија, надоградба на постојната трафостаница и изведба на нов електричен вод од 3км.

Во станови на улицата “Максим Горки“ во Скопје, исто така сопственост на Друштвото, во првата половина на 2025 година се планира да бидат завршени инвестициските активности за комплетно реновирање на истите, по што Друштвото ќе располага со атрактивен деловен простор во центарот на градот.

Друштвото е сопственик и на хотелот “Водно„, хотелот “Јадран“, хотелот “Сарај’ и ресторанот „Пивница“, кои не работат.

Од деловниот објект на ул.11. Октомври во Скопје, дел е издаден под закуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ацо Дудулоски, Горан Ташков и Маја Николовска нови членови на УО на Македонијатурист

Нов претседател на Надзорниот одбор на Македонијатурист е Горан Марковски

Колкав надоместок ќе земаат новите членови на Надзорниот одбор на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силни жени од цел свет кога ќе се обединат на едно место, нема сила што може да ги спречи во остварување на целите

Редакција

Пад на одобренијата за градба за 24,6%

Редакција

Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет

Редакција