14-годишно девојче почина по пад од лулашка, Обвинителство ќе ја истражува безбедноста на игралиштето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14-годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето“, соопшти Обвинителството.

Претходно, СВР Тетово информираше дека во Медицинскиот центар Гостивар без знаци на живот, била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која престојувала во Гостивар. Паднала од лулашка во паркот во Гостивар, а дежурниот лекар констатирал смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести