еМагазин
Image default
Македонија

294 вработени во Општина Тетово не работеле, а земале плата, тврди Касами

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами изјави дека 294 лица од 811 кои што имале договори со Општина Тетово земале плата, а не работеле. Тој најави дека ќе побараат враќање на средствата.

„Вкупно 294 претходно вработени во Општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата, а не работеле.

Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките,“ изјави Касами во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Според Касами, преку дел од овие договори на дело, биле исплаќани ручеци за партиски активисти.

„На пример, имаме сметка од 80.000 денари за ручек на кои биле партиски активисти на ДУИ. По објавувањето јавно на договорите на дело неколку луѓе ми се јавија, како на пример за овој случај каде ми рекоа дека тие не направиле никаква услуга за општината туку наплатиле за ручек кој изгледал како партиски ручек. Значи, се плаќале тие ручеци преку договор на дело,“ додаде Касами.

Општина Тетово минатата недела објави список на 811 договори на дело склучени со општината за 2021 година, под раководство на структурите од претходната локална власт.

„На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор,ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт.

На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на Општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави,“ информираа тогаш од Општина Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Општина Тетово го објави списокот на сите договори на дело склучени со општината за 2021 година

Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Соборот на СПЦ прогласи канонско единство со МПЦ-ОА

Редакција

Директорот на Клиниката во Штип со детали за виничанецот и неговата партнерка кои избегаа од болницата

Редакција

Убава вест: Оздравени 551 пациенти од Ковид-19

Редакција