33-годишен маж со месеци силувал малолетничка, и пренел и заразна болест

Маж на возраст од 33 години е уапсен откако со месеци силувал малолетничка.

Станува збор за Б.Т. од село во Општина Карбинци, а малолетничката ја силувал во периодот од јануари до март годинава, додека престојувал во нејзиниот дом во светиниколско село.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, врз нејзе вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото, а и пренел и заразна болест. Тоа било откриено кога девојчето било прегледано во Институтот за судска медицина Скопје.

Тој е задржан во полициска станица и за него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести