Маж од Скопје на возраст од 39 години загина во сообраќајка на патот Штип-Кочани, која се случила синоќа околу два часот по полноќ.
Три други лица, од кои две малолетни, се повредени и се пренесени во болницата во Штип.
Несреќата се случила откако автомобил „рено лагуна“ излетал од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.