еМагазин
Image default
Македонија

49 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице во Тиквешијата за 24 часа

Негувателка од градинка е позитивна на коронавирусот. Осум деца и една негувателка се во изолација во Неготино, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Позитивно на вирусот е и едно наставно лице од Кавадарци, кое држело онлајн настава.

Центарот бележи и едно починато лице од Кавадарци, на возраст од 61 година.

Инаку, во четирите општини од регионот, во последните 24 часа се регистрирани 49 лица позитивни на Ковид-19. Во Кавадарци 32, во Неготино 12, Демир Капија 4 и едно лице во Росоман. Тие се на возраст од 16 до 81 година.

Се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е контроверзниот Красимир Каракачанов: „Човекот што сака Бугарија да се простира од Софија до Токио“

Редакција

До средината на јануари сите деца од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Најмногу во Аеродрoм, Карпош, Центар и Гази Баба

Редакција