52-годишен работник од Куманово загинал по пад од објект во изградба

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера околу 14:05 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И. (52) од Куманово, по што починал.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Полицијата излегла на местото на настанот, а бил известен и трудов инспектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести