еМагазин
Image default
Македонија

54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 750.893 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.214 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.232 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 589.573 граѓани.

„Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител,“ се вели во соопштението.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе почнат со онлајн настава, основните со физичко присуство

Редакција

Скопје џез фестивал, Авалон и другите одбиени проекти од Министерство за култура, ќе може повторно да аплицираат

Редакција

Во наставата со физичко присуство има 76 ученици и 123 наставници активни на Ковид-19

Редакција