еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Како да добиете средства од државата за „Купи куќи, купи стан“ ќе може да се информирате во Скопје Сити мол

Денеска започна саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол, каде граѓаните ќе можат да се информираат целосно за проектот на едно место – односно ќе имаат прилика на исто место да ги најдат Министерството за финансии, банките и градежните компании.

Саемот ќе трае од денес до недела, секој ден од 10 до 22 часот.

Со промените направени во проектот годинава, значително се подобрени условите за граѓаните кои имаат потреба од поддршка од државата за да се стекнат со сопствен дом.

Најголема поволност за граѓаните е намалувањето на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95% на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%.

И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР.

Има и нови модели, особено поволни за младите со возраст до и наполнети 35 години. За купување на стан, каде и интересот е најголем, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70% – ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%.

Исто така зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата.

Дополнителна нова поволност во проектот е во насока на подигнување на наталитетот во земјата.

Имено за секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година плус.

Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција неделава рече дека има голем интерес за проектот. Таа посочи дека годинава има доделено 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра, а само последните три месеци има доделено 61 кредит.

Од вкупно одобрените кредити годинава за млади се 48. За станови се 71 од одобрените кредити, а останатите се за куќи. Од апликантите 45% се жени, а 55% се мажи. Таа посочи дека се очекува до крајот на годината да има околу 150 доделени кредити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компаниите кои организираат настани се жалат дека 11 месеци немаат работа, бизнисот е пред колапс

Редакција

Поради заглавувањето на петтиот пакет во Собрание, околу седум илјади вработени не зеле плата во февруари

Редакција

БДП во вториот квартал годинава во минус од 12,7%

Редакција