„Движењето за чист воздух“ реагира по повод соопштението до јавноста од страна на ОЈО дека нема докази дека депонијата Дрисла работи незаконски. Оттаму потенцираат дека Дрисла нема А интегрирана дозвола а судот вели дека работи по сите законски прописи, стандарди и ги поседуваа сите потребни дозволи и бараат ЕУ директивите под итно да почнат да се следат и имплементираат.
„Движењето за чист воздух го изразува револтот од т.н.резолуција во предметот за работењето на депонијата Дрисла, при што надлежниот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла-Скопје“ ДОО Батинци донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот.
Движењето за чист воздух не доби никаков записник ниту информации за наодите од инспекцискиот надзор, ниту во соопштението тие се истакнати, туку само е спомнато дека е формиран истражниот тим. Зошто ние не само што не сме информирани туку не бевме ниту повикани како Движење за чист воздух да учествуваме во надзорот?“, прашуваат оттаму.
Од Движењето прашуваат и дали во Дрисла воопшто некогаш се извршени мерења за загадувачки супстанци согласно стандардите во ЕУ директивите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавно обвинителство: Нема докази дека „Дрисла“ го загадува воздухот со незаконско согорување отпад
Фото: Дрисла