еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се распродава имот на „Типо“ вреден милиони: Се нуди деловен простор, накит и магацин

На јавно наддавање закажано за 14 јануари се продаваат недвижнини и предмети во сопственост на АД „Типо“ во стечај.

На продажба се нуди административен деловен простор со вкупна површина од 1.265 м2. Вкупната проценета вредност на овој имот е во износ од 1.087.917 евра.

Ќе се продава и накит кој се состои од злато изработени две прстенчиња со тежина од вкупно 4 грама и проценета вкупна вредност од 84 евра, од сребро изработени предмети кои во себе содржат и пластични елементи, со вкупна тежина од 600 грама и проценета вредност од 146 евра.

Се нуди и недвижен имот – магацин во Маџари со вкупна површина од 6.883 м2.

Вкупната проценета вредност на овој имот е во износ од 2.951.145 евра.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Дудулоски не е повеќе извршен директор на Современ дом, на негово место избрана Виолета Дудулоска Алавања

Редакција

„Триглав осигурување“ оствари добивка од 4,4 милиони денари за три месеци

Редакција

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10%

Редакција