Со добрата игра и напредокот, време беше за искачување на Баскет 3×3 бизнис едно ниво погоре во организацијата. Заврши првиот дел од Баскет 3×3 бизнис со тоа што се одиграа 19 кола, за оваа недела да се игра во новиот втор дел под организација на Спортплан.
Од оваа недела се игра во две групи, односно екипите се поделени на групата парни броеви на досегашниот ранг на листата, и на оние екипи кои биле непарни броеви на ранг листата.
Новите правила налагаат по завршувањето на овие натпревари да се игра плеј оф. По завршување на плеј оф-от според организацијата, предвидено е да се игра финале со 4-те најдобри екипи коишто се пласирале на ранг листата.
За играч на месецот е прогласен Борис Борисовски од екипата на компанијата SolutionAde.
Во вториот дел од Бизнис3×3Баскет екипите се во сѐ подобра физичка кондиција и постигнуваат сѐ поголеми резултати.
Проследете ги листите со рангирање на екипите во прилог:
Секој натпревар завршува со пораз или со победа на кошаркарите, но најважното од сѐ е што натпреварувачите од Баскет 3×3 бизнис носат секој со себе по неколку пријателства надвор од салата и се кондициски многу поподготвени.
За да се пријавите и вие во оваа тимска синхронизација, посетете ја веб страницатa www.biznisbasket.mk.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА