Македонска телевизија информираше дека култната „Бушава азбука“ од вечерва 18:55 часот повторно ќе се емитува на МТВ1.
„Програмата ќе ја емитуваме во два термина секој ден и тоа 11:25 часот и 18:55 часот,“ информираат од МТВ.
Оваа емитување следува откако режисерот Слободен Унковски со интересен фејсбук-статус му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче како поддршка за мерките, луѓето да седат дома како превенција од корона вирусот.
„Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно Бушавата азбука, едукативна серија за деца во 31 епизода… Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко,“ вели Унковски.