еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН и Министерството за образование и наука заеднички ќе го унапредуваат квалитетот на средното стручно образование

ЕВН и Министерството за образование и наука потпишаа меморандум за соработка за зголемување на вклученоста на приватниот сектор во промовирањето на средното стручно образование и во унапредување на квалитетот на учењето преку работа. Со ова ќе се создадат услови за одржливо вработување и самовработување на мажи и жени, кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.

Целта на оваа соработка е да се зголемат знаењата и вештините кај младите преку унапредување на квалитетот на средното стручно образование и да се афирмираат придобивките од вклучување на приватниот сектор во образовниот процес. Со ова ќе се надмине јазот меѓу потребите на бизнис секторот и образовниот процес во земјава.

„Ова е плод на заедничката соработка меѓу ЕВН, владата и Министерството за образование“,  посочи Штефан Петер претседател на управниот одбор на ЕВН. Тој упати апел до родителите да размислат за иднината на своите деца и да ги поддржат во одлуката да стекнат применливо образование за подобра иднина. „ Ако имаат афинитети и се дообразуваат ќе имаат можност да стигнат далеку, дури до високи раководни функции“, додаде Петер.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми изрази голема благодарност до ЕВН за подадената рака во спроведувањето на дуалното образование и поддршката на младите. Како следен конкретен проект на ЕВН што е дел од оваа соработка е отворањето на ЕВН паралелка во ОСТУ „ Гостивар“ во Гостивар, најави министерот Адеми.

Учениците ќе учат во насоките електричари и електромонтери за електроенергетски мрежи, ќе посетуваат практикантска работа и по завршувањето на средното стручно образование во зависност од успехот ќе добија и понуди за работа во ЕВН. Ова е втора паралелка на ЕВН од ваков тип. Третата генерација електричари и електромонтери од СЕТУ „ Михајло Пупи“ од Скопје веднаш по завршувањето на образованието во 2020 година ќе имаат можност стекнатите знаења и вештини да ги применат на работните места во ЕВН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шапка и Маврово во фокусот на белоруските тур-оператори за претстојната зимска сезона

Редакција

Топол оброк за студени денови – вистински извор на среќа

Редакција

Мегавин на Државна лотарија од денес со нова наградна игра: Секој ден награди со „Новогодишен календар“ за позабавни и побогати празници

Редакција