еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Скопје добива два „легални ѕидови“ за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали

Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначува два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично, и тоа на потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по Реплек, и ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев под поранешна Стоковна куќа МОСТ, денес Универзитет на Југоисточна Европа.

Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници.

Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.

По тој повод тимот на СКОПЈЕ 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје организира и акција на цртање на графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност” на која учество ќе земат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешќец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу.

Акцијата на цртање графити ќе се реализира викендот на 24 и 25 јули. Акцијата е организирана во партнерство со Младинскиот културен центар.

Тимот на СКОПЈЕ 2028 на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од градот покрена инцијативата за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall” во Скопје. Градот Скопје ја прифати иницијативата.

Со тоа градот во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата на уште една начин покажува дека ја подржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува разновиден културен израз на различни локации во градот, велат од Град Скопје.

Тргнувајќи од тоа дека уличната уметност, пред сѐ, пишувањето/цртањето графити во поголем дел од светот вклучувајќи и кај нас е нелегална, многу градови именуваат и креираат легални ѕидови со што им овозможуваат слободен и безбеден простор за креација и уметничко изразување на уличните уметници, велат од таму.

Легален ѕид / Legal Wall е дефиниран ѕиден простор од поголем размер на одредена локација, кој е одобрен од страна на сопственикот или локална власт/јавната институција за слободно користење за уметничка креација. Како слободен простор за креација легалниот ѕид овозможува на секој заинтересиран уличен уметник да може да создава уметност без временско одредено или законско ограничување.

Ова е особено важно за младите улични уметници кои ќе имаат простор да ја развиваат својата креативност и способности за цртање.

Овде може да ја видите мапата на легалните ѕидови.

Фото: Photo by João Pedro Freitas on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Водовод и канализација – Скопје склучи договор со Пирамид билдинг солушнс вреден 575,6 илјади евра

Редакција

Може ли да Ве избркат од работа ако не сте вакциниран?

Редакција

Пендаровски го советува Ковачевски да не оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан: „Само да се сликаш?„

Редакција