Во врска со ново настанатата ситуација со Корона вирусот COVID-19, сакаме да потсетиме дека улогата на телекомуникациските компании во овие моменти е од големо значење поради важноста на граѓаните од добивање информации пренесени преку домашните и странски канали, интернет и телефонски комуникациите, информираат од Телекабел.
„Затоа нашата компанија е со подигнат степен на одговорност и ќе работи непречено со организирани дежурства на терен. Доколку дојде до некој прикин или проблем со конекцијата, или имате потреба од дополнителен тв приклчок, интернет конекција… слободно јавете се, како би можеле да пратиме екипи во најбрз можен рок,“ велат од Телекабел.
Здравјето на сите и безбедноста на нашите колеги е најбитнa за целосно, беспрекорно да функционираме како компанија, па би сакале да Ве замолиме да ги почитувате мерките за претпазливост, потенцираат од таму:
1. Доколку од било која причина наши вработени дојдат во вашиот дом, Ве замолуваме да не се ракувате со нив, да ја одржувате дистанцата најмалку од 1,5 метри. Тие се обезбедени со заштитни средства согласно дадените препораки од Министерството за здравство.
2. Кога влегувате во некој од нашите наплатни центри Ве молиме не се приближувате помалку од 1.5 метри до колешките кои работат во наплатните, не влегувајте повеќе од тројца, бидејќи така е побезбедно и за Вас и за нив.
Подобро почекајте надвор додека се ослободи место. Ако имате можност најдобро е да платите преку интернет вклучувајќи се на нашата веб страна.
Наплатните центри ќе работат со скратено работно време од 8 до 18 часот, освен во Струмица каде е целосно затворен согласно Одлуката на Владата за затварање на Моловите.
Инкасаторите се до завршувањето на ситуацијата, нема да доаѓаат за наплата во Вашите домови.
3. Непотребно да не одите во наплатните центри и канцелариите на Телекабел, туку Ве замолуваме Вашите прашања и проблеми ако ги има да ги поставувате по телефон и на нашите службени маилови.
4. Ве информираме дека нема да има исклучување на нашите услуги: кабелска телевизија и интеренет, се до нормализирање на ситуацијата, а се со една цел да добивате навремени и непрекинати информации.
„Почитувате ги препораките на Министерството за здраство, останете дома заради самите себе, Вашите најмили, здравствените работници и заради сите нас. Да го успориме динамичниот живот, да одмориме, да земеме здив и да излеземе од оваа ситуација здрави, посилни и спремни за нови предизвици и убавини,“ апелираат од Телекабел.
Телефони за контакт: Скопје: 02/6121-609, 02/6121-610; Штип: 032/612-609, 032-612-611; Битола 047/612-609, 047/612-612; Прилеп: 048/612-609; Велес: 043/612-609; Свети Николе: 032/610-609; Радовиш: 032/617-609; Кавадарци: 043/609-609; Неготино: 043/608-609; Кочани: 033/612-609; Струмица: 034/612-609; Охрид: 046/609-609; Гевгелија: 034/610-609.
Маил: [email protected]/[email protected].