еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

Цементарница УСЈЕ АД донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема за Министерството за здравство, информираат од компанијата.

Со средствата ќе биде набавена медицинска опрема која по консултација со стручните тимови од Министерството во моментов е најнеопходна во активностите поврзани со справувањето со вирусот Ковид 19.

“Како општествено одговорна компанија во овие деликатни времиња УСЈЕ понуди помош преку донација да се набави опрема која на медицинскиот персонал ќе му овозможи непречено и безбедно да работи и да ги извршува своите задачи во услови на пандемија, бидејќи јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа општеството, УСЈЕ ја понуди помошта пред релевантните институции со кои е во постојана комуникација, бидејќи повеќе од јасно е дека од исклучителна важност е сите да се вклучат и да дадат поддшка и помош во оној дел во кој надлежните институции сметаат дека во моментов е најпотребно.

Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки што ги донесе Владата. И во следниот период остануваме конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата апликација „МојВоздух„ ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН

Редакција

Штипјанецот Хаџи Јанев добитник на една од најголемите воени награди од вооружените сили на САД

Редакција

За неколку дена во Општина Центар собрани 901.768 денари за лекување на Лео

Редакција