еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Телефонски броеви по градови од тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација

Министерството за труд и социјална политика информира дека се формирани мобилни тимови на Црвен крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите.

Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават.

Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој и каде ќе може да се тестира: Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус

7 пациенти со коронавирусот се на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска 11

Најмногу од заразените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 15 до 49 години

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Фото: Црвен крст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дела на македонскиот уметник Златко Крстевски во музеј во Јапонија

Редакција

(Галерија) Модна писта во Милано со Lisca за позитивна слика на телото

Редакција

Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници

Редакција