еМагазин
Image default
Македонија

Владата воведе нови правила за судовите и обвинителствата: Се одложуваат затворските казни до три години

Владата денеска ја усвои Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства.

Според неа,законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа Уредба се до престанување на вонредната состојба.

„Законските и преклузивните рокови за изјавување на правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во постапките престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Во кривичните и прекршочните постапки, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат за време на вонредната состојба.

Со оваа Уредба издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.

На судиите-поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа Уредба, мандатот им се продолжува се до завршување на постапката по судскиот предмет.

Судовите во Република Северна Македонија, се должни при постапувањето, закажувањето и одржувањето на расправите да се придржуваат на Одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19, од 17.03.2020 година.

Со оваа Уредба се задолжуваат јавните обвинители извршувањето на функцијата на јавното обвинителство да ја организираат и извршуваат согласно Задолжителните упатства на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, донесени во врска со вирусот КОВИД-19“, соопшти Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Државен карантин при влез на странските дипломати и нивните семејства ако е нужно

Влада: Ученичките и студентските домови ќе се користат како капацитети за сместување „против“ корона вирусот

Владата со уредба ги запира манипулациите на големите трговци на јужно овошје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подготвена физбилити студија за нов закон: Ќе се проверува нелегално стекнат имот и капитал

Редакција

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Редакција

Непреставувањето на г.г Стефан како „Архиепископ Охридски и Македонски” било ненамерен пропуст

Редакција