еМагазин
Image default
Македонија

Граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, може да одат на лекар

Граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внтарешни работи, Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на информативната видеосесија на Владата.

Таа информираше дека кога некому му е многу лошо, а во тој случај времето е драгоцено, граѓаните нема да имаат потреба да се јавуваат на 192, ниту да бараат дополнителна дозвола за движење.

-Доволно е да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од полициските патроли доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена локација и точно да кажат во која болница се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и ќе бидат пропуштени, појасни Петровска.

Дополнително, рече таа, полицијата ќе изврши контрола преку систем дали навистина лицето се упатило на таа адреса. Доколку се потврди дека лицето е таму и се наоѓа во некоја здравствена установа ќе нема никакви реперкусии, но доколку се утврди дека го злоупотребил полицискиот час ќе следат санкции.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски час: Во автомобил да се возат најмногу тројца, вклучително и возачот и сите со заштитна опрема

Која институција какви дозволи за движење ќе издава, согласно новиот полициски час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

(ВИДЕО) Мерко за сечењето на лента на пицеријата која е дивоградба: Кај биле властите да реагираат?

Редакција