Санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне утре, најдоцна до вторник ќе предложат Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести до Владата, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој соопшти дека овој предлог следува откако на социјалните мрежи и во јавноста воопшто можат да се видат фотографии кои сведочат дека има граѓани кои не ја почитуваат обврската за носење заштитна опрема или истата не ја носат на правилен начин со што се зголемува ризикот од ширење на корона вирусот.
Владината Уредба за носење заштитина опрема предвидуваше граѓаните да се опоменуваат до 30 април, а потоа да следуваат казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба
Каде се од утре ќе треба да носиме маски