Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека на есен ќе има нов бран на зараза со корона вирусот. Но добрата работа, како што кажа на денешната прес-конференција, е што поради пандемијата со Ковид-19, земјите научиле како да го организираат нивниот здравствен систем.
Тој додаде дека и нашата држава го направила планот, како капацитетите да бидат организирани следните месеци, посебно на есен.
„Прилично сме сигурни дека ќе имаме нов бран заболени и дополнително оптоварување со сезонскиот грип. Буквално сега се престројуваме, научивме како треба.
Имаме дополнителни капацитети на Инфективна, знаеме како да ја организираме болницата „8 Септември“. Сметам дека е добар системот на Светската здравствена организација (СЗО) на размена на искуства и оној есенски предизвик кој ќе дојде, многу подобро ќе го изменаџираат сите земји,“ рече Филипче.
Тој смета дека за подобра подготвеност со новиот бран ќе помогне скенирањето на населението како и мобилната апликација „Стоп Корона“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче за 1.Мај: Предлогот е од четврток навечер до понеделник наутро да има полициски час