Жителите на Град Скопје, како и правните лица, од 10 до 16 во месецот ќе можат електронски да ја пријават состојбата на водомерот.
Оваа услуга на ЈП Водовод и канализација – Скопје е достапна на веб страната на претпријатието www.vodovod-
„На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација, преку оваа опција достапна за физички и за правни лица, имате можност да ја пријавите состојбата на вашите водомери во период од 10-ти до 16-ти секој месец,“ информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје,
Од Јавното претпријатие соопштија дека шалтерите за наплата во Дирекцијата работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот и дека задолжително е носење маска и држење растојание.