еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Над три милиони лица заразени од корона вирусот во светот, починати 211.663

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.066.417 лица. Од нив починале 211.663, а оздравеле 923.448 луѓе.

САД се земја со најголем број на потврддени случаи со Ковид-19, но исто така и со најмногу смртни случаи. Регистрирани се 1.010.507 инфицирани лица, а од последици на Ковид-19 починале 56.803, додека оздравеле 139.162 луѓе.

Во Вухан, што беше епицентар на заразата со новиот коронавирус, втор ден нема регистрирано нови случаи. Во Кина евидентирани се шест новозаразени лица, од кои тројца се вратиле од странство, а тројца се во североисточната провинција Хеилоџијанг, на границата со Русија. Во Кина 13 ден по ред не е забележан ниту еден смртен случај. Околу илјада луѓе се во самоизолација.

Во Германија во последните 24 часа пријавени се 1.144 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани луѓе со Ковид-19 изнесува 156.337. Пораст е забележан и кај смрните случаи за 163 односно од последици од новиот коронавирус починале 5.913 луѓе.

Во Бразил во изминатите 24 часа евидентирани се 4.600 новозаразени луѓе со Ковид-19, со што вкупната бројка изнесува 66.501. Додека бројот на смртни случаи се зголеми за 338 и се искачи на 4.543.

Во Унгарија од последици од новиот коронавирус починаа уште 11 луѓе, со што бројот на смртни случаи во земјата изнесува 291. Исто така во изминатите 24 часа евидентирани се 66 новозаразени лица, со што бројот на инфицирани се искачи на 2.649, од кои оздравеле 516 луѓе.

Во Австралија евидентирани се 6.727 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 85 починале. Австралиските сојузни држави најавија намалување на рестриктивните мерки откако бројот на новозаболени изнесува еден отсто дневно, додека пред еден месец процентот беше 25.

Австралискиот министер за здравство Грег Хант изјави дека 2,4 милиони луѓе ја презеле и се регистрирале на владината апликација за пронаоѓање на контакти заразени со Ковид-19.

Претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез најави дека училиштата нема да бидат отворени до декември поради пандемијата. Во Парагвај 228 луѓе се позитивни на новиот коронавирус, од кои деветмина починале.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Економскиот удар доаѓа: Корона вирусот го „секна“ извозот на јаболкото, инвестициите, закупнините…

Што претставува озонотерапија која од денеска ќе се користи и кај нас за лекување на пациентите со корона вирусот

(Графикон) До 19 години се 107 од заболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промет од 829.000 евра со акциите на „Реплек“ за осум месеци

Редакција

(Фото) Промоција на мурал, книга, настап на Златните славејчиња: Одбележан роденденот на маестро Џамбазов

Редакција

Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка

Редакција