еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет

Две студии спроведени на мајмуни кои денеска се објавени, даваат некои од првите научни докази дека оние кои се излекувани од Ковид-19 можат да развијат имунитет од повторна инфекција, што е позитивен знак дека вакцините на кои се работи можат да бидат успешни, изјавија американски истражувачи.

Во една од новите студии истражувачите заразиле девет мајмуни со Ковид-19. Откако оздравеле, тимот повторно ги изложил на вирусот, но животните не се разболеле.

Наодите сугерираат дека тие развиваат природен имунитет кој ги штити од повторно изложување, изјави доктор Ден Барух, истражувач во Центарот за истражување на вирусологија и вакцини на Харвардскиот Бет Израел Диконис медицински центар во Бостон, чии студии се објавени во списанието „Сајанс“.

– Тоа е многу добра вест, истакна Барух.

Во друга студија, Барух и неговите колеги тестирале 25 мајмуни со шест прототипи на вакцини за да утврдат дали антителата произведени како одговор им даваат заштита.

Тие потоа ги изложиле тие мајмуни и 10 контролни животни на коронавирусот.

Кај сите контролни животни вирусот се појавил во висок степен во носовите и белите дробови, додека животните кои биле вакцинирани имале значен степен на заштита, рече Барух.

Според него, осум вакцинирани животни биле целосно заштитени.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразил е ново жариште на корона вирусот, за еден ден регистрирани 1.179 починати

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради отсуство на пратениците од власта, немаше кворум за расправа за модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа на „Беса Транс“

Редакција

Годишен раст од 7,2% на депозитите и од 5,2% на кредитите во ноември

Редакција

Нови 882 случаи на Ковид-19 од 6.591 тестирања

Редакција